spot_img
18.8 C
Skopje
четврток, септември 23, 2021
spot_img

Бочварски: Привршуваме со изградба на обиколницата во Штип, експресниот пат до Радовиш готов до април 2022 година

„Со вистински идеи и инвестиции во крупни проекти, Истокот доби нови лик, доби модерни и безбедни патишта.“ – истакна министерот Бочварски, кој денеска заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Рустеми, извршија увид во изградба на втората фаза од експресниот пат Штип – Радовиш.

Вкупната инвестиција е 15 милиони евра, а должината на оваа втора фаза изнесува 17 километри. Прогресот на градежите работи е 65 проценти и според Договорот, експресниот пат комплетно ќе биде завршен април 2022 година.

Министерот потенцираше дека обиколницата околу Штип ќе биде готова за 30-тина дена, со што сообраќајот низ градските улици низ Штип ќе се растерети.

„Покрај завршувањето на обиколница Штип, завршена е и клучката од Бучим до Радовиш и на почетокот на месец октомври и оваа делница ќе се стави во функција. Со изградбата на овој патен правец даваме пример како се гради одговорно, како се гради навремено и модерно според сите европски стандарди. Со инвестициите што ги реализираме во овој регион даваме поттик на преку 12 илјади мали и средни фирми и обезбедуваме просперитет на преку 170 илјади граѓани.“ – изјави министерот за транспорт и врски, Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, информираше дека вкупната должина на експресниот пат Штип – Радовиш е 40.4 километри, од кои 23 километри веќе се пуштени во употреба.

„Оваа втора фаза од изградбата на експресниот пат е во должина од 17 километри и поделена на две секции. Првата секција ја опфаќа делницата од Три Чешми до Штип Југ, а втората од клучката Бучим до Радовиш.

На оваа делница вкупно се изведени 16 објекти за премостување и 3 клучки. Очекуваме работните активности да завршат пролетта 2022 година.“ – истакна директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми.

На новинарско прашање, во однос на законот за легализација, министерот Бочварски истакна дека предлог Законот е доставен до Владата и на следната владина седница ќе биде разгледуван.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести