spot_img
24.8 C
Skopje
петок, септември 17, 2021
spot_img

Марина Туцаковиќ во лоша состојба, приклучена на респиратор

Наводно, здравствената состојба на Марина Туцаковиќ се влошила, откако било откриено дека Ковид тестот е позитивен, пишуваат белградските медиуми.

Марина била префрлена од приватна клиника во клиничката болница „Драгиша Мишовиќ“, која е во  „ковид“ системот, и таму, според извештаите на медиумите, била поврзана со респиратор.

Битката на Марина со ракот на дојката трае долго време, а нејзиниот син Милан Лаша Радуловиќ на Твитер откри дека ракот метастазирал во црниот дроб, белите дробови, мозокот и коските.

Марина, која со години се бореше со ракот, вчера и се влошила состојбата, за што се дозна кога нејзиниот син Милан Лаша Радуловиќ побара помош преку социјалните мрежи.

A u međuvremenu… Umreš od raka. Msm moja majka.

— Milan Laća Radulović (@RioJaggerr) September 14, 2021

По тешко гушење, Марина била хоспитализирана во приватна белградска клиника, каде била поврзана со кислород, а наскоро пристигнале и резултатите од нејзиниот тест за Корона, кој што покажал дека е позитивна.

За сега нејзиниот син нема објавено никакви нови информации за состојбата на Туцаковиќ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести