spot_img
24.8 C
Skopje
петок, септември 17, 2021
spot_img

Движењето на руската опозиција Алексеј Навални, денеска ги обвини компаниите Гугл и Епл дека попуштиле пред уцените на Кремаљ

Движењето на руската опозиција Алексеј Навални, кој е во затвор од јануари, денеска ги обвини компаниите Гугл и Епл дека попуштиле пред уцените на Кремаљ.

Имено, пред изборите, кои започнаа денеска, официјална Москва ја отстрани апликацијата што овозможува организација на гласање против партијата на претседателот Владимир Путин.

“Денес во 08,00 часот по руско време, Гугл и Епл ја отстранија нашата апликација Навални од нивните продавници. Со други зборови, тие попуштија пред уцените на Кремаљ, објави на Телеграм Леонид Волков, соработник на Навални во егзил.

Со оглед на тоа што речиси ниту еден противник на Кремаљ не смееше да учествува на парламентарните избори, опозицијата воспостави стратегија за „паметно гласање“ дизајнирана да го поддржи кандидатот кој е најдобро пласиран за да ја победи владејачката партија, Единствена Русија.

Апликацијата им овозможува на корисниците да знаат за кој кандидат да го гласаат во нивната изборна единица. Оваа стратегија имаше успех и порано, особено во Москва во 2019 година.

Утрово, апликацијата повеќе не беше достапна во продавниците на Гугл и Епл во Русија, наведува АФП.

Американските компании не ги коментираат наводите.

Во Русија денеска започнаа парламентарни и локални избори, со отворање на првите избирачки места на Далечниот Исток. Изборите ќе траат три дена, до 19 септември, со цел да се ограничи ризикот од епидемија на корона вирус.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести