spot_img
27.8 C
Skopje
среда, септември 15, 2021
spot_img

Филипче: Во ковид центрите низ државата има доволно кревети за хоспитализација на пациенти

Вирусот во моментов има широка инфекција, во постојана координација и комуникација сме и со епидемиолозите, остануваме да ја следиме ситуацијата и доколку е потребно да се дејствува со нови мерки тоа ќе го направиме, објави денеска на својот Фејсбук-профил се уште актуелниот министер за здравство Венко Филипче.

Тој посочува дека изутрината на редовна координација со директорите на клиниките разговарале за болничките капацитети, состојбата на болните и актуелната епидемиолошка состојба.

-Во ковид – центрите низ државата има доволно кревети за хоспитализација на пациенти, престојниот период може да биде зголемена потребата од хоспитализации, што бара сериозен пристап и коориднација која успешно се менаџира. Дополнителни капацитети за лекување пациенти со ковид има и истите може да се стават на располагање во секој момент. Доставата на терапија оди тековно и нема застој, напиша Филипче.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести