Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ, реакција на изјавата на Зоран Заев
Колку луѓе треба да ги загубат своите животи за Заев да си даде оставка?! Нека каже Заев уште колку трагедии треба да и се случат на државата за некој да понесе одговорност?!
Ако си даде оставка Заев не се распушта државата, само тој си дава оставка едноставно е! Оставка од Заев, Филипче и Хасани мора да има, и тоа не е распуштање на државата како што сака да претстави Заев, тие не се ниту аристократи, ниту пак државата е нивна.
Институциите ќе продолжат да постојат и да функционираат и откако Заев, Филипче и Хасани ќе си дадат оставки.
Заев не е судија кој треба да ги цени извештаите и наодите на експертите, тие ќе бидат основа за кривична одговорност на Хасани и Филипче, од која нема бегање. Заев треба само да ги разреши Хасани и Филипче зошто тоа е моралната одговорност, а потоа и тој да си поднесе оставка.
Не може 14 луѓе живи да изгорат, а никој за тоа да не одговара.
Насекаде низ светот министри понесуваат одговорност и за најмала трагедија поврзана со нивниот ресор, а Заев не сака да понесе одговорност за 14 живи изгорени луѓе.