spot_img
21.8 C
Skopje
вторник, септември 14, 2021
spot_img

Приведени дилер и криминалец баран по потерница

На 13.09.2021 во 20.20 часот на ул.„Скупи“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Ч.(31) и И.Г.(31), двајцата од Скопје. При преглед во патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.Ч., а сопатник бил И.Г. и при нивен личен преглед кај Ф.Ч. била пронајдена и одземена прашкаста материја. Исто така, И.Г. се барал по централна потерница за доиздржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Куманово.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, а И.Г. ќе биде спроведен во затворот за доиздржување на казната.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести