spot_img
28.8 C
Skopje
вторник, септември 14, 2021
spot_img

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ! ВО НЕДЕЛА ЗАПОЧНУВА ЛАЗАРОВ ШОУ – СЕЗОНА 2 (видео)

Медиа.мк и најпопуларниот македонски јутјубер Стефан Лазаров ја продолжуваат соработката со нова сезона на “Лазаров Шоу”. Првата сезона ги исполни очекувањата и внесе огромен новитет во шоу бизнисот. Вашите омилени личности од музиката, спортот, уметноста ви ги претставивме во едно друго издание, одговараа на “незгодни прашања” и открија многу работи кои беа непознати за јавноста.

Овој пат одлучивме да го промениме концепот, стандардните интервјуа да ги замениме со забава која со сигурност ви гарантира многу насмевки и позитивна енергија. Овој пат емисијата ќе биде составена од три забавни рубрики, а гости ќе има од сите области, и млади и стари, и професионалци и почетници. Стефан и ние од медиа.мк покажавме дека нашите ветувања важат, а овој пат ви ветуваме вистинско шоу кое ќе ги помести стандардите.

Стефан Лазаров е спремен и веќе од недела започнува со првата емисија од втората сезона. На својот Инстаграм профил со свои зборови најави што може да очекувате.

Затоа, во недела не пропуштајте “ЛАЗАРОВ ШОУ – СЕЗОНА 2 “, во 16:00 часот ексклузивно на јутјуб каналот на Лазаров.



Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести