spot_img
21.8 C
Skopje
понеделник, септември 13, 2021
spot_img

160 санкционирани возачи во Скопје, 71 за брзо возење


Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 71 санкција, 21 за возење без возачка дозвола, три за возење под дејство на алкохол.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, пет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, четири за непрописно престигнување и обиколување.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.  

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести