spot_img
21.8 C
Skopje
понеделник, септември 13, 2021
spot_img

Нов антирекорд во Серија А: Никој не бил полош од Салернитана

Новиот италијански прволигаш Салернитана вчера загуби од Торино на гости со 4:0 во 3. коло од италијанското првенство.

Дебитантот во Серија А прими 11 гола во само три меча на почетокот на сезоната, со што постави нов антирекорд во Серија А. Имено овој старт на тимот од Салерно е најлошиот во ерата на лигата откако натпреварите се бодуваат за победа со три бода (од сезоната 1994/95).

Во второто коло, Салернитана со ист резултат загуби од Рома, во првото коло со 3:2 од Болоња.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести