spot_img
27.8 C
Skopje
понеделник, септември 13, 2021
spot_img

ГОЛИТИЈА НА ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ – СЛАВНИТЕ “ПОКАЖАА ПРЕМНОГУ” НА ДОДЕЛУВАЊЕТО НА ВМА НАГРАДИТЕ НА МТВ (фото)

Вчера се одржа доделувањето на ВМА наградите на Ем Ти Ви, а на свеченоста не изостанаа голите аутфити на славните, нешто што им привлече внимание на многумина.

Меган Фокс се појави во целосно транспарентен фустан „Муглер“, украсен со ситни кристали, кој повеќе откриваше отколку што покриваше и ги покажуваше нејзините облини на црвениот тепих.

Ашанти го најде својот „моден израз“ во фустан кој главно се состои од градник, парче ткаенина и – ремени: околу половината, околу нозете.

Пејачката и танчерка Нормани се појави во бел аутфит на црвениот тепих – без гаќи. Прекраткото здолниште едвај го покри интимниот дел, и на сите им беше јасно дека под него нема ништо.

За разлика од нив, пејачката Кјара покажа како може, ако сака, да го истакне својот сексапил без да открие премногу. Во долг фустан изработен од црна тантела, таа го нагласи деколтето и голите гради.

На крајот, парадата на чудни облеки ја заврши поп иконата Мадона. Во секси црн кожен корсет и со бел венчален превез, таа секако го привлече вниманието кон себе.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести