spot_img
27.8 C
Skopje
понеделник, септември 13, 2021
spot_img

Башел: Талибанците не ги исполнуваат ветувањата

Високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Башел денеска ги критикуваше Талибанците, наводно дека не се држеле до договорот.

Високиот комесар изјави дека ветувањата на Талибанците не се совпаѓаат со реалната ситуација на терен, како во случајот со третманот на жените.

“Она што е контрадикторно во уверувањето на Талибанците дека ќе ги почитуваат човековите права, го видовме во изминатите три недели. Жените брзо беа исклучени од јавниот живот”, рече Башел пред Советот за човекови права во Женева.

Таа изрази незадоволство од составот на новата талибанска влада, истакнувајќи го отсуството на жени и доминацијата на етничките Паштуни.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести