14.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

238 сообраќајни прекршоци во Скопје, 43 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 238 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, 93 прекршоци што ги чинат пешаците.
Изречени се шест мерки за возење под дејство на алкохол, девет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 54 за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести