spot_img
25.8 C
Skopje
сабота, септември 11, 2021
spot_img

СДСМ: Времето на диригирани и нарачани случаи и пресуди заврши со падот на режимот сега е време на одговорност

Соопштение за јавност – реакција на соопштението на ВМРО – ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ може да прави монтажи колку сака факт е дека времето на диригирани и нарачани судски случаи и пресуди заврши со нивното заминување во опозиција.

Змиско око, Фаланга, Метастаза се само дел од предметите со кои ВМРО-ДПМНЕ ја замајуваше јавноста преку нивното Сваровски судство.

Денес целиот судски систем работи независно професионално и во служба на законите, нешто што беше незамисливо во време на режимот кога пресудите се нарачуваа во белиот дворец.

Огромна е разликата меѓу одговорното владеење на владата и институциите предводени од СДСМ и режимското владеење на ВМРО-ДПМНЕ, тоа им е јасно и на граѓаните и затоа ги очекува нов пораз на изборите.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести