spot_img
25.8 C
Skopje
сабота, септември 11, 2021
spot_img

На денешен ден, пред 20 години, се случи терористички напад на “кулите близначки” – Како “мозокот на операција” поминал незабележано од ФБИ

На денешен ден, пред 20 години,  се случи терористички напад кој што ги сменија САД засекогаш. Во нападите загинаа 2.996 луѓе, 2.977 цивили и 19 терористи на Ал Каеда.

Човекот кој е обвинет дека го смислил планот за киднапирање на два патнички авиони и извршување на терористичкиот напад на 11 септември 2001 година, е во затвор и го чека судење. Сепак, прашањето е дали можел да биде спречен порано?

Френк Пелегрино седел во хотелска соба во Малезија кога на телевизија ги гледал снимките од авионите како удираат во кулите близначки. Првото нешто што го помислил било: „Боже мој, тоа мора да е Калид Шеик Мохамед“.

Целта и амбицијата се совпаднаа, а Пелегрино беше во специфична позиција да го знае тоа. Поранешниот агент на ФБИ го бркал Мохамед речиси три децении. Сепак, човекот кој е познат како „мозокот на операцијата“ на нападот врз кулите близначки, се уште го чека судењето. Адвокатите за Би -Би -Си велат дека најверојатно ќе бидат потребни уште 20 години за да се затвори случајот.

Осама Бин Ладен, кој во тоа време беше лидер на Ал Каеда, е човекот кој најмногу се поврзува со нападите на 11 септември. Сепак, многу е веројатно дека Мохамед, или „КСМ“ како што го знаат, всушност бил „архитект на нападот“. Барем тоа е мислењето на Комисијата која го истражува нападот на 11 септември. Се верува дека тој бил човекот кој го смислил нападот и ја разоткрил идејата на Ал Каеда.

Калид е роден во Кувајт, студирал во Америка, а потоа отишол да се бори во Авганистан во 80 -тите години. Години пред нападот во Соединетите држави, агентот на ФБИ, Френк Пелегрино, бил на патеката на овој џихадист.

Пелегрино добил задача да го испита нападот врз Светскиот трговски центар во 1993 година. Тогаш името на Калид Шеик Мохамед за првпат го привлече вниманието на американските службеници, бидејќи платил пари на сметка на едно од лицата кои биле директно вклучени во нападот.

Агентот на ФБИ ги реализираше амбициите на Халид во 1995 година, кога го поврзаа Мохамед со планот да кренат во воздух неколку авиони на меѓународни авиокомпании над Пацификот. Во средината на деведесеттите години, Пелегрино се приближуваше до овој човек, го следеше во Катар.

Тој и неговиот тим отпатуваа за Оман, од каде што планираа да преминат во Катар и да го уапсат Калид. Авионот бил подготвен да чека да го земе осомничениот. Меѓутоа, еден американски дипломат се спротивстави. Пелегрино отишол во Катар и му рекол на амбасадорот и на некои други службеници дека има основано сомневање дека Мохамед смислил план да разнесе патнички авиони над Пацификот. Сепак, тие му рекоа дека апсењето на Мохамед може да предизвика хаос во земјата.

Подоцна бил известен од амбасадорот дека катарските службеници ја изгубиле трагата по Мохамед.

– Бевме лути и фрустрирани. Знаевме дека ја загубивме можноста да го фатиме – вели Пелегрини денес.

Сепак, тој признава дека во тоа време, Мухамед не бил познат како „голем ѕвер“. Пелегрино не можел ниту да го стави на Топ 10 листата на најбарани.

„Ми кажаа дека таму веќе има премногу терористи“, рече Пелегрини.

Информиран дека го бараат, Халид брзо побегнал

Во тоа време, Калид Шеик Мохамед веројатно бил информиран дека Американците се заинтересирани за него. Брзо избегал од Катар и заминал во Авганистан.

Во следните години, името КСМ (Калид Шеик Мохамед) почна да се појавува се почесто, главно во телефонските директориуми на осомничените за тероризам. На агентите им било јасно дека е „добро поврзан“. Во тоа време тој бил кај Осама Бин Ладен и му ја претставил идејата за обука на пилоти кои со авионите ќе удрат во згради во Соединетите држави.

Потоа следеше 11 септември. Се покажа дека се сомневањата на Пелегрин за улогата на Калид се покажаа како точни. Еден од членовите на Ал Каеда го идентификувал.

– Сите рекоа: „Тоа го направи човекот на Френк“. Кога дознавме дека навистина е тој, никој не беше повеќе депресивен од мене – рече Пелегрино.

Мохамед бил лоциран во 2003 година и уапсен во Пакистан. Пелегрино се надевал дека ќе му се суди по обвинението што го градел. Меѓутоа, потоа тој исчезна. ЦИА го одведе на „црна локација“, каде што бил испрашуван со специјални методи.

– Сакам да знам се што знае и сакам сето тоа брзо да го откријам – тогаш рече еден од службениците на ЦИА.

Мохамед бил давен преку крпа најмалку 183 пати. Многумина ја опишуваат оваа тортура како чекор подалеку од задавување. Се закануваа дека ќе ги убијат неговите деца, го клистираа, не го оставаа да спие, го принудија да биде гол … За тоа време, тој призна неколку заговори, но подоцна се покажа дека измислил многу од нив.

Откако беше откриено што доби ЦИА за време на сослушувањето, на затворениците од висок ризик, како Мохамед, им беше дозволено да бидат префрлени во Гвантанамо, воениот затвор во Куба. Тоа е времето кога ФБИ доби пристап до него.

Дури во јануари 2007 година, Френк Пелегрино се соочи со човекот што го бараше толку долго. Седеа еден спроти друг.

– Сакав да знае дека јас сум тој што му беше зад петите во деведесеттите години – рече тој, додавајќи дека се надева дека тоа ќе го натера да зборува за нападите на 11 септември.

Поранешниот агент на ФБИ не сакал да ги открие деталите за она што го слушна во Гвантанамо, но рече дека Калид е многу „достапен“, како и дека има смисла за хумор. Тој рече дека КСМ „се правел важен“ на сослушувањата во Гвантанамо и го спореди со Кардашијан во однос на привлекување внимание. Меѓутоа, како што вели, не покажал каење.

Дали ќе ги признае злосторствата?
Се прашувал дали Мохамед ќе се распадне и ќе признае се, но сфатил дека КСМ е „мирен во душата“ со она што го направил и дека сега ја обожава вревата што се креваше околу него. По шест дена разговор, Мохамед одлучил дека испрашувањето е завршено.

Повеќе обиди да се добие правда во случајот на 11 септември пропаднаа. Планот да се одржи судењето во Њујорк пропадна бидејќи многумина рекоа дека не сакаат тој човек да биде во нивна близина.

„Чувајте го во Гвантанамо“.

Потоа започна воениот суд во Гвантанамо, но имаше процедурални одложувања, и во комбинација со пандемијата на корона вирусот, која ја затвори базата во Гвантанамо, ова стана процес на кој не му се гледа крајот. Постојат индиции дека Мохамед повторно ќе биде испрашуван следната недела, но кога ќе завршат сите сослушувања, никој не знае.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести