spot_img
26.8 C
Skopje
петок, септември 10, 2021
spot_img

ХОРОР ВО АВСТРИЈА: Ја мумифицирал мајка му, за да не ја изгуби пензијата

Австриската полиција во подрум го пронајде мумифицираното тело на 89-годишна жена, која починала пред повеќе од една година.

Телото го мумифицирал нејзиниот син кој сакалда продолжи да ја добива нејзината пензија.

Мажот (66) живеел со својата мајка во близина на Инсбрук и признал во полиција дека го замрзнал телото на неговата мајка со мраз откако таа починала, за да го спречи распаѓањето. Потоа ја завитка во завои за да впие телесни течности, пишува  Guardian.  Потоа истурил песок за мачки над телото на неговата мајка.

Кога неговиот брат дојде да се распраша како е нивната мајка, тој му рекол дека е во болница. Тој секој месец ја подигал пензијата од поштарот. Но, проблемот настанал кога пристигнал нов поштар кој побарал да ја види неговатаа мајка, а откако  одбила поштарот повикал полиција.

Телото е откриено во саботата, а човекот зел преку 50.000 евра на име на неговата мајка од јуни минатата година.

Тие, исто така, извршија обдукција со која се утврди дека мајката не е убиена, и го обвинија мажот дека го измама и криење на леш.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести