spot_img
22.8 C
Skopje
четврток, септември 9, 2021
spot_img

Филипче: Модуларните болници се безбедни

Апсолутно мислам дека модуларните болници се безбедни, нагласи на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, потенцирајќи дека поради тоа се спасиле 12 пациенти во синоќешниот пожар во тетовската модуларна болница.

Тој додаде дека сите инсталации во модуларните болници се присутни во сертификатите за квалитет, огноотпорност, атестите, како од страна на производителите, така и од страна на контролата. Буквално, како што рече, секое едно парче што е вградено таму.

– Аполутно начинот на кој што се направени ковид болниците, меѓу останатото мислејќи и на евакуцијата, со широки коридори и ниски прозори, благодарение на тоа и се спасиле 12 пациенти, така да во тој дел мислам дека апсолутно дека нема некаков ризик, истакна Филипче.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести