20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

МОЖНО ЛИ Е !? СЕВЕРИНА И АЦА ЛУКАС ЗАЕДНО – ГИ СПОИЛ ПРОДУЦЕНТОТ (фото)

Северина и Аца Лукас – ова можеби делува како неверојатна љубова комбинација, но не и како невозможна музичка. Имено, дека подготвуваат нешто заедничко потврди и продуцентот на пејачката Филип Милетиќ, кој е задолжен за новиот студиски материјал на Севе.

– Сум соработувал со сие, но најдобро соработувам со Северина. Ние најдобро кликнавме кога станува збор за соработката. Имаме ист поглед на светот. Таа верува во тоа што го работиме и е еден сериозен работник. Новиот албум е дијаметрално спротивен на она што сме го работеле до сега, а и нејзиното пеење ќе биде поинаков, рекол Милетиќ.

Тој се осврнал и на дуетот со Аца Лукас, но и на муабетите дека меѓу него и пејачката има нешто повеќе од соработка.

– Успеав да му најдам црта на Аца Лукас, ова ќе биде нешто сосема поинакво. Пејачи од тој калибар, како Северина и Лукас треба да ги диктираат трендовите на нашите простори, вели Милетиќ.

– Ние имаме пријателска љубов и никаква поинаква. Оваа фотографија се создаде спонтано, а медиумските написи не се точни, додава Филип.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести