spot_img
21.8 C
Skopje
среда, септември 8, 2021
spot_img

Министерот за вонредни ситуации на Русија Јевгениј Зиничев загина при спасување на човек за време на воена вежба

Министерот за вонредни ситуации на Русија Јевгениј Зиничев трагично загина “вршејќи ги своите должности“, објавија светските медиуми. Според првичните информации, загинал при спасување на човек за време на воена вежба, извести Спутник.

Информацијата беше потврдена од страна на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

“Руското Министерство за вонредна состојба информира дека Јевгениј  Зиничев трагично загина за време на својата работа, додека спасуваше живот на друг за време на вежбите во рамките на заштитата на Арктикот во итни ситуации” , се вели во соопштението на тоа руско министерство.

Како што е наведено, министерот стоел на работ на провалија кога снимателот се лизнал и паднал. Зиничев веднаш скокна по него во обид да се спаси човекот, но паднал на карпа и претрпел тешки повреди.

И двајцата потоа се хоспитализирани, но Зиничев им подлегнал на повредите за време на превозот со хеликоптер.

Претседателот на Русија Владимир Путин изрази најдлабоко сочувство денес поради смртта на рускиот министер за итни случаи Зиничев.

Песков изјави дека за претседателот Путин смртта на Зиничев е голема загуба бидејќи со него имал најблиска соработка со години наназад.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести