spot_img
21.8 C
Skopje
понеделник, септември 6, 2021
spot_img

TAЖНА ВЕСТ: Почина Францускиот актер Жан Пол Белмондо

Францускиот актер Жан Пол Белмондо почина на 88-годишна возраст. Белмондо е роден на 9 април 1933 година во предградието на Париз, а татко му Пол, син на сиромашни Италијани од Сицилија, бил успешен вајар кој за време на животот добил неколку значајни француски признанија.

Ѕвездата на францускиот Нов бран, Жан Пол Белмондо, можеби најпознат по улогите во „До последен здив“ и „Професионалецот“, почина на 88-годишна возраст, изјави неговиот адвокат за АФП. Неговата здравствена состојба подолго време не била добра, откако доживеа мозочен удар во 2001 година.

Белмондо кого го нарекуваа Бебел беше една од најголемите ѕвезди на киноблагајните во земјата во 60-тите и 70-тите години, а неправилните црти на неговото лице беа во остар контраст со извајаниот лик на неговиот ривал и понекогаш и соработник Ален Делон. Приватно беа најголеми прјатели, а на филмското платно остри ривали.

Како и Делон, Белмондо беше клучна фигура од извонредната генерација што снимаше европски филмови во тој период, а серијата филмови што ги сними со славниот режисер Жан Лук Годар, меѓу кои „Жената е жена“ и „Лудиот Пјеро“, оставија неизбришлив белег.

Белмондо ги специјализирал улогите на гангстери и никаквеци, иако постигна голем успех во 1962 година со Картуш, играјќи префинет мечувалец од 18 век, со Клаудија Кардинале. Улогата на ситниот гангстер Мишел во култното дело на Годар „До последен здив“, тогаш 26-годишниот Белмондо преку ноќ го нарави француски идол. Во текот на 1960-тите и 1970-тите години, името на Белмондо беше гаранција за успех на филмот.

Тој беше омилена филмска ѕвезда низ целиот свет, а има глумено во речиси сто филмски наслови, меѓу кои се „Професионалецот“, „Чочара“, „Човекот од Рио“, „Аферата Стависки“, „Ас над асовите“, „Борсалино“, како и четириесетина театарски улоги.

Вечното момче на францускиот филм и симболот на европскиот нов бран бил познат како голем заводник, а особено бил слаб на помлади жени. Иако не бил класичен холивудски убавец, сепак бил миленик на понежниот пол, а нивната наклонетост растела со неговата слава.Елоди Константен му била прва сопруга и младешка љубов. Се венчале во 1953 пред да доживее професионален успех. Нивната прва ќерка Патрисија е родена во 1954, а загинала во пожар во 1994, ќерката Флоренс е родена во 1960, а во 1963 го добиле и синот Пол, кој станал возач на Формула 1. Но бракот бил далеку од идиличен, а дополнителен проблем правела големата слава која ја стекнал актерот.

Точно десет години по стапувањето во брак, Белмодно влегол во врска со швајцарската секс бомба Урсула Андерс, а кога врската им станала јавна и двајцата се разделиле од дотогашните сопружници. Но кон средината на 70-те врската им се распаднала.

1980 била многу интересна година за љубовниот живот на Белмодно затоа што тогаш ја запозна актерката и манекенка Карлос Сото Мајор, и со неа бил се 20о1 година.

Втората сопруга, актерката и танчарка Натали тардивел ја запознал во почетокот на 2000 година. Иако била помлада и од неговите деца, врската им потрајала подолго и од што некој очекувал. Натали била со него во август 2001 кога доживеал мозочен удар, а се венчале во 2002 и тој по четврти пат станал татко на ќеркичката Стела Ева Анџелин.

– Не ни сонував дека ќе се омажам за него. Никогаш нема да заборавам кога во 1975 година како 10-годишно девојче го запрев во Париз додека тој шеташе со Урсула Андерс и го замолив за автограм, бев луда од возбуда, рекла Натали.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести