spot_img
21.8 C
Skopje
понеделник, септември 6, 2021
spot_img

Безос инвестира во мистериозен стартап, која работи на пронаоѓање технологија што може да го продолжи животниот век

Во Кембриџ е отворена истражувачка лабораторија на мистериозен стартап, која работи на пронаоѓање технологија што може да го продолжи животниот век. Наводно, тој бил поддржан од Џеф Безос.

MIT Technology Review наведува дека стартапот Алтос Лабс се обидува да донесе експерти и им нуди годишна плата од околу 1 милион долари.

Исто така, се очекува да се отворат истражувачки центри во Јапонија и Сан Франциско. Нивната цел е да измислат технологија која може да ги подмлади клетките на животинското ткиво, што би требало да доведе до подолг животен век.

Се очекува научниците кои се придружуваат на компанијата да истражат како стареат клетките и што може да се стори за да се смени тој процес.

Ова поле на наука претходно привлече милијардери, вклучувајќи ги ко-основачот на Google, Лери Пејџ и ко-основачот на PayPal, Питер Тил, кои финансираа компанија со седиште во Сан Франциско, наречена Unity Biotechnology.

Според MIT Technology Review, Altos Labs веќе ја доби поддршката од Јури Милнер и Џеф Безос.

Руско-израелскиот милијардер Милнер преку портпарол потврди дека инвестирал пари во оваа компанија, а од канцеларијата на Безос не дадоа коментар на прашањата од списанието.

Безос, исто така, инвестирал пари во „Unity Biotechnology“, чија цел е „да го продолжи периодот во кој едно лице не е оптоварено со болести кои што настануваат како резултат на стареење“.

MIT Technology Review тврди дека Altos Labs собрал најмалку 270 милиони американски долари од основањето кон крајот на минатата година

Глобалниот пазар за технологии против стареење се очекува да надмине 271 милијарди долари до 2024 година.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести