spot_img
16.8 C
Skopje
петок, септември 3, 2021
spot_img

Државниот обвинител Јовески на меѓународен симпозиум во Анкара за постaпувањето на Високите Апелациони судови во Анкара, Република Турција​

“Македонскиот правен и законодавен систем ја гарантира независноста на судовите и самостојноста на јавното обвинителство”, истакна Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески кој денеска во Анкара се обрати на Меѓународниот симпозиум за ефикасност на Високи апелациони судови.

Во обраќањето Јовески се осврна на постапувањето на јавнитe обвинители во жалбената постапка и обезбедувањето на правата на учесниците во кривичната постапка. Во овој контекс е изложено и барањето за заштита на законитоста како гаранција за правото на обвинетиот.

Mеѓународниот симпозиум се одржува во рамките на традиционалното одбележување на почетокот на Судската година во Република Турција. Делегација на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија присуствува на неколкудневната традиционална прослава по покана од претседателот на Касациониот суд, Мехмед Акарча. На отворањето на Судската година и новиот објект на Касациониот суд вчера се обрати претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести