11.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Радев: Бугарија е најзаинтересирана Македонија да стане членка на ЕУ, но прво да ги исполни своите обврски

-Очекувањата за компромис со Бугарија растат бидејќи во последниве години односите со Скопје беа во ќорсокак, а Бугарија остана изолирана, вели бугарскиот претседател  Радев во Словенија  каде престојува на Бледскиот стратешки форум.

Тој рече дека главниот приоритет на бугарската надворешна политика останува европската интеграција на Западен Балкан и дека Бугарија е најзаинтересирана Македонија да стане членка на ЕУ, но да ги исполни своите обврски.

-Очекуваме заштита на правата на луѓето со бугарска самосвест во Скопје, отстранување на сликата за Бугарија во учебниците, спомениците и тамошните медиуми и прекин на говорот на омраза, додал претседателот.

Радев им се заблагодари на претседателот Стево Пендаровски и на премиерот Зоран Заев за враќање на дијалогот на највисоко ниво, во која насока се систематските напори на преодната влада.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести