spot_img
27.8 C
Skopje
понеделник, август 30, 2021
spot_img

ШОК: НАТАША БЕКВАЛАЦ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД МУЗИЧКАТА СЦЕНА (фото)

Познатата српска пејачка Наташа Беквалац објави фотографија на својот профил на Инстаграм со детален опис на нејзината одлука да се повлече од музичката сцена, на некое време.

Имено, пејачката пред само неколку дена донесе одлука да престане да консумира цигари, а како што сега призна на оваа социјална мрежа, оваа одлука иницирала други.

Во јавно обраќање на Инстаграм, пејачката рече дека донела одлука да не настапува некое време бидејќи, како што вели, е исцрпена и не е расположена, а она што привлече најмногу внимание е делот што се однесуваше на мажите кои ја повредиле.

„Неверојатно е како една голема промена доведе до други. Уморна сум, исцрпепна и не сум расположена. Чувствувам дека ова е време кога треба да се вратам кон себе. Вистинска, здрава, среќна јас. Таа која има што да понуди во секој момент, да, решив да не настапувам некое време, дека ми треба пауза, но дека морам да останам близу до музиката. Не на сцената и да ја делам со публиката, туку да бидеме само двајцата. Музика и јас … Во студио не знам каде ќе ме одведе сето ова, но знам дека сум подготвена и дека се што ќе излезе од ова ќе биде толку мое и искрено, напиша таа и додаде

„Ми се чисти минатото, Некои мажи кои многу ме повредија…Се јавија…  Рекоа извини.. Напишаа Претпоставувам дека се што ми е потребно за да бидам слободна … Моја … И инспирирана “, напиша Наташа, која не ги прецизираше имињата на мажите.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести