6.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

Лион го купи иранскиот Меси за 15 милиони евра!

Седумкратниот француски шампион Лион договори уште еден фудбалер во овој преоден рок. „Лавовите“ се договорија со Зенит за трансфер на напаѓачот Сардар Азмун вреден 15 милиони евра, сума која со бонуси може порасне и до 20 милиони. Клубовите пред неколку денови се договорија околу отштетата, а францускиот клуб ги договорил и личните услови со фудбалерот, како и договор до 2026 година, пренесува „Екип“.

Азмун е познат како иранскиот Меси. Неговата кариера почнува во Сепахан, а од таму во 2013 година прави трансфер во Рубин Казан. Потоа игра за Ростов, па се враќа во Рубин, а од 2019 година е во Зенит.

За Зенит во изминатите три сезони заедно со шесте кола од оваа сезона постигна 50 голови во руската Премиер лига.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести