spot_img
26.8 C
Skopje
сабота, август 28, 2021
spot_img

Македонија повторно ќе се најде на „црната листа“ на Европската Унија за патувања

По неколку месеци, Македонија повторно ќе се најде на „црната листа“ на Европската Унија за патувања, како последица на растото на новозаразени со коронавирус последниве недели.

Како што јави Дојче Веле, веста за агенцијата Ројтерс ја потврдиле двајца дипломати на Унијата.

Меѓу земјите за кои ќе се вратат ограничувањата се и САД, Косово, Израел, Црна Гора и Либан.

Се очекува одлуката да биде потврдена во понеделник доколку ниту една земја-членка на ЕУ не ја блокира.

За македонските граѓани одлуката ќе значи дека повторно ќе се соочат со големи ограничувања при туристички, односно т.н. не-есенцијални патувања во ЕУ. Некои земји можат целосно тоа да го забранат, а некои можат да наложат обврзувачки карантин при пристигнувањето

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести