spot_img
18.8 C
Skopje
сабота, август 28, 2021
spot_img

Државите се обидуваат на секој начин да ги мотивираат луѓето да се вакцинираат, од ситни награди до големи парични добивки

Државите се обидуваат на секој начин да ги мотивираат луѓето да се вакцинираат, од ситни награди до големи парични добивки. Така, американската држава Невада организираше лотарија. Маж од областа Лас Вегас освои голема награда од еден милион долари во рамките на програмата за вакцинација против корона вирусот, пренесува АП.

Гувернерот на Невада, Стив Сисолак ја создаде програмата со цел да поттикне вакцинација против коронавирусот.

Имињата на добитниците на наградите беа објавени на настан во живо организиран од гувернерот во Конвенцискиот центар Лас Вегас.

Програмата наречена „Денови на вакцинација во Невада“ беше започната на 17 јуни со пет милиони долари средства од федерални фондови за помош во борбата против коронавирусот.

Државните здравствени податоци покажуваат дека процентот на вакцинирани жители на таа земја е зголемен за околу десет проценти од моментот кога беше објавен наградниот фонд кон средината на јуни до неговиот завршеток вчера.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести