spot_img
24.8 C
Skopje
вторник, август 24, 2021
spot_img

Весна Змијанац отворено проговори за кариерата и заработката

Пејачката Весна Змијанац која владеела на естрадата уште во времето на стара Југославија открила дека најголемиот хонорар го заработиле во 1990 година на настап во Софија, па затоа секогаш со задоволство се враќа во бугарската престолнина, а со парите што тогаш ги зела можела да купи три згради на улицата Кнез Михајлова во Белград.

Весна вели дека во Софија секогаш се чувствува како дома, а на улица ја препознаваат на секој чекор, па со задоволство застанува да се фотографира со минувачите, бидејќи секого сака да го испочитува. Змијанац, по големиот спектакл во 1990 често се враќала во Софија, а голем концерт одржала и во 2016 пред бугарската публика.

„Секогаш се радувам кога треба да пеам во Софија или каде било во Бугарија, бидејќи таму се чувствувам како дома. Нема разлика, кога шетам ми приоѓаат луѓе да се сликаат, исто како и овде, па таму секогаш одам со задоволство. Во најубаво сеќавање ми остана концертот што го одржав во 1990 година, поради тоа што атмосферата сама по себе беше прекрасна. Не сакам да зборувам за пари, ретко зборувам на таа тема, но заработив многу пари тогаш. За да ви доловам отприлика колку пари беа тоа, ќе ви кажам дека по враќањето можев да купам три згради на улицата Кнез Михајлова без око да ми трепне. Толку добро поминав тогаш. На почетокот од кариерата многу пеев тажни песни, дури подоцна ги пеев оние убавите и ведрите. Така оди тоа, но со публиката секогаш сум била искрена и тоа е најважно“, вели Весна.

Змијанац вели дека ни денес не може да се помири со фактот што Шабан Шаулиќ, нејзиниот пријател и колега, почина, па со задоволство се сеќава на миговите што ги поминале заедно.

„Кога мајка ми умираше, беше болна, но некако се надевавме во сè и сешто, дека состојбата ќе ѝ се подобри. Меѓутоа, смртта на Шабан беше таков удар за мене што едноставно не можам да го споредам со ништо. Шабан го познавав од својата 16 години. Првите мои чекори на естрадата, стиховите… Трпението кога ми покажуваше како се пее, никогаш нема да го заборавам тоа. Не му беше тешко ни по 50 пати да ми покажува. Знаеше дека имам капацитет, а знаев десетина песни кога ме понесе со себе да му бидам гостин. Знаеше да каже дека ја имам неговата емоција, зборуваше сè за мое добро. Затоа, не можам да се помирам дека го нема повеќе. Многу ми значење и тешко ми е и денес“, раскажува пејачката.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести