spot_img
23.8 C
Skopje
недела, август 22, 2021
spot_img

Инзаги: Не можевме да сонуваме за подобар почеток

Актуелниот бранител на титулата во шампионатот на Серија А, екипата на Интер вчера суверено и супериорно го стартуваше новото првенство со победа на домашен терен над Џенова со 4:0.

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги секако презадоволен од изданието на неговите избраници, и освоените три бода на есктра начин.

„Бев убеден дека ќе се справиме добро, бидејќи од мојот прв ден во клубот гледам колку се трудат играчите и колку се ентузијасти. Не можевме да побараме подобар почеток на сезоната. Најдоброто нешто беше што игравме пред навивачите на нашиот стадион “, рече Инзаги па додаде.

„ Чалханоглу е исклучителен фудбалер. Тој вложи многу напор за да биде корисен за тимот. Секогаш кога се соочував со него, тој ми правеше проблеми. Мило ми е што сега е во нашиот тим и мислам дека ќе видиме повеќе од него бидејќи Хакан не ни сфаќа колку е добар “, изјави тренерот на Интер.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести