spot_img
28.8 C
Skopje
четврток, август 12, 2021
spot_img

Барселона веќе не е атрактива на фановите

Заминувањето на Лионел Меси од Барселона предизвика вистински хаос во Барселона. Никој не се надеваше дека иконата на клубот ќе остане без договор и ќе мора да го напушти каталонскиот гигант, што пак предизвика нови проблеми.

Интересот на навивачите за влезниците и клупските сувенири неверојатно паднал, ова е нов финансиски удар за Барса.

Според АС, клубот не може да ги продаде сите билети за дуелот со Реал Сосиедад, прв во новата сезона. Од 30.000 достапни билети, само 50% се продадени, од клубот размислуваат истите да ги стават достапни и за оние кои не се членови на клубот.

И не е само ова. И во фан-шопот на клубот паднала продажбата на дресови и останати работи по заминувањето на Меси.

Затоа пак во ПСЖ се уриваат рекорди, по пристугнувањето на Аргентинецот за неколку часа се продадени 150.000 дресови преку интернет, а пред фан-шопот има редици, сите сакаат да го имаат дресот со број 30.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести