spot_img
33.8 C
Skopje
среда, август 4, 2021
spot_img

ТАЖНА ВЕСТ: Почина Мирослав Лазански – српски амбасадор, новинар и воен аналитичар

Ненадејно во својот дом во Белград во 71-та година од животот, како резултат на срцев удар, денеска почина долгогодишниот новинар на весникот „Политика“ и воен аналитичар Мирослав Лазански кој од 2019 година ја обавуваше должноста на амбасадор на Србија во Русија.

Министерството за надворешни работи на србија соопшти: „ќе го паметиме како голем родољуб , извонреден писател, новинар, еминентен военополитички коментатор,кој ја сакаше својата земја и со гордост ја претставуваше ширум светот“ стои во објавата на српското МНР. Лазански својата новинарска кариера ја почнува во Загреб, со написи во хрватските весници „Полет“, „ Вјесник“, „Данас“ и „Старт“ а од почетокот на деведесетите години тој се вработува во весникот „Политика“, па во „ Вечерње новости“ и повторно се враќа во „ Политика“. Известувал од неколку воени судири, и автор е на осум книги и на неколку ТВ-проекти.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести