spot_img
35.8 C
Skopje
вторник, август 3, 2021
spot_img

Мегајахтата на Роман Абрамович чини 610 милиони долари (ВИДЕО)

Не е единственa по луксуз, туку и по безбедносен систем

Милијардерот Роман Абрамович, сопственикот на ФК Челзи, наскоро ќе ужива во својот мегајахт Соларис, чија конструкција е реализирана во Германија.

Неверојатниот брод, долг 140 метри, беше лансиран во април и оттогаш се вршат тестови, додека патува низ Шпанија, Азурниот брег…

Јахтата има осум палуби, сместување за 36 гости и 60 членови на екипажот. Но, тоа не е единствено во однос на луксузот, туку и во однос на безбедносниот систем.

Врвна опрема
Вредноста на Соларис е 610 милиони долари, и доаѓа со најнапредна заштита, вклучувајќи радари за откривање ракети и прозорци отпорни на куршуми, пренесува Autoevolution.

Двете Азипод единици обезбедуваат брзина до 33 км / ч (18 јазли), а мегајахтата може да стигне до најоддалечените делови на планетата.

Овие податоци, сепак, треба да се земат со доза на резерва, бидејќи се засноваат на шпекулации. Деталите за скапиот проект не се објавени во јавноста.

Во следниот прилог, ќе ја видите јахтата во полн сјај, како и хелиодромот, отворен базен, џакузи…

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести