spot_img
26.8 C
Skopje
понеделник, август 2, 2021
spot_img

Шок за Германецот: Фетел дисквалификуван за ГН на Унгарија!

Себастиан Фетел беше многу блиску да ја оствари првата победа во болидот на Астон Мартин во вчерашната трка на Хунгароринг, меѓутоа на крајот заврши како второпласиран.

Веднаш по завршувањето на трката својот болид Фетел го паркирал покрај стазата и не го одработи вообичаениот „поздравен круг“ после минувањето низ целта.

При прегледот на болидот востановено е дека во резерварот имало 0,3 литри гориво, а минималната количина која судиите морале да ја извлечат од болидот е 1 литар.

Германецот веднаш се нашол под истрага, а синоќа стигна и дисквалификација.

Тоа значи дека Хамилтон ќе биде втор, додека Сајнц на крајот заврши како трет.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести