spot_img
26.8 C
Skopje
понеделник, август 2, 2021
spot_img

ТАЖНА ВЕСТ: Почина познатиот актер, му се слошило на снимање

Актерот Џеј Пикет, познат за публиката по меговите улоги во сериите „Општа болница“ и „Денови на нашите животи“, почина на 61 -годишна возраст на филмскиот сет во американската држава Ајдахо. Имено, на Пикет му се слошило за време на снимањето на неговиот нов филм „Долина на богатството“, а тажната вест за неговата смрт ја потврдила неговата сопруга, пишува Daily Mail.

– Џеј Пикет, нашиот главен човек, писател, продуцент и креатор на овој филм ненадејно почина додека бевме на сетот и се подготвувавме да ја снимиме сцената. Нашите срца се скршени и тагуваме со неговото семејство кое е уништено од оваа трагедија – рече Тревис Милс, режисер на филмот.

– Нема официјална потврда за причината за неговата смрт, но се чини дека станува збор за срцев удар. Сите што беа до него се обидуваа да му помогнат – додаде тој.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести