6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ГО СТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГРЧКИ ОСТРОВ

Потрес со јачина од 5,3 степени по Рихтер забележан е рано утрово кај грчкиот остров Нисирос. ЕМСЦ јавил дека земјотресот бил со јачина од 5,5 степени и дека го погодил подрачјето 107 километри западно од Родос.

Епицентарот на земјотресот кој го погодил островот утрово бил на отворено море, 22 километри од Нисирос, соопштиле од Геодинамичкиот институт на Националната опсерватотија во Атина, кој го означил како “силен“.

На земјотресот му предходеле уште два потреса со јачина од 4,7 и 4,1 според Рихтер, во сабота навечер, односно наутро. Епицентарот на двата земјотреса бил на 27 километри од островот.

Засега нема пријавени матерјални штети, пренесува Србија Денес.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести