6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

БРАВО! КОМПАНИЈАТА „ЗЕГИН“ ОБЕЗБЕДИ СПОРТСКА ОПРЕМА ЗА МЛАДИТЕ ПИНГПОНГАРИ ОД БЕРОВО

Сопственикот на аптекарскиот гигант во Македонија „Зегин“ Благој Механџиски, заедно со директорите Васил Василев и Томи Кепевски вчера донираше спортска опрема наменета за членовите на пингпонгарскиот клуб „Зегин“ од Берово.Опремата која ја донираше аптекарскиот гигант се состои во нови дресови за сите категории на играчи како и тренерки со кои во иднина беровските пингпонгари ќе настапуваат на првенствата низ државата и светот.

Сопственикот и голем поддржувач на младите луѓе Механџиски на вчерашниот настан истакна дека оваа поддршка за младите во областа на спортот ќе продолжи уште повеќе, бидејќи тие се иднината на сите нас.

Тренерот на ППК „Зегин“ изрази задоволство од донираната опрема за дечињата и упати голема благодарност до копанијата „Зегин“ за поддршката која несебично ја даваат уште од почетокот на формирањето на пингпонгарскиот клуб во Берово.

Инаку големите успеси за период од две години од постоењето на ППК „Зегин“ и првите и втори места освоени на натпреварувањата на државно ниво, го прави беровскиот пингпонгарски клуб еден од најдобрите во државата и единствен клуб кој за толку кратко време постигнал врвни резултати.

Целите на ППК„Зегин“ се излез и натпреварување на меѓународно ниво, каде со помош на компанијата и споственикот Благој Механџиски, се надеваат дека ќе го достигнат и овој предизвик.

Слединиот период како што најавија од клубот, 10 натпреварувачи од градскиот пинонгарски клуб,ќе учествуваат на меѓународен камп во Крупањ, каде ќе има претставници од неколку држави од регионот како што се Храватска,Србија,Босна и Романија.

Медиа.мк го поздравува овој гест на ” Зегин ” и сопственикот Механџиски и се надеваме дека и останатите компании ширум земјава ќе го следат примерот за поддршка на младите и спортот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести