spot_img
38.8 C
Skopje
недела, август 1, 2021
spot_img

Знамето на Европската Унија може да се вее во Велика Британија само со дозвола од Владата

Знамето на Европската Унија повеќе не може да се вее во Велика Британија, освен ако владата не го дозволи тоа.

До неодамна, за такво нешто не беше потребна согласност од владата, а овој потег се гледа како „прст во око“ на поддржувачите на ЕУ во Велика Британија, пишува „Сан“.

Владината веб -страница, во делот поврзан со знамиња, вели дека „откако Велика Британија ја напушти Европската унија, знамето на ЕУ повеќе не е вклучено во листата на знамиња за кои не е потребна владина дозвола“.

Овој потег е одделен од упатствата до општинските власти, од кои се бара да го држат знамето на ЕУ како услов за добивање пари од Брисел, од фондот за обновување од пандемијата, додаде „Сан“.

Практично секое ниво на власт во Англија ќе добие нешто од предвидените 65 милиони евра (56 милиони фунти).

Најголем примач на пари е Бирмингем (еден милион фунти), каде мнозинството гласаше за напуштање на ЕУ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести