spot_img
36.8 C
Skopje
среда, јули 28, 2021
spot_img

СУЗБИЕНА КРИМИНАЛНА ГРУПА, 12 УАПСЕНИ ЗА ТРГОВИЈА СО ДРОГА И ОРУЖЈЕ – ова се деталите (видео)

На 28.07.2021 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции, под раководство на надлежен Јавен обвинител од ОЈО за Гонење на организиран криминал и корупција, по повеќемесечно криминалистичко истражување спроведе координирана полициска акција со цел сузбивање на повеќечлена организирана криминална група составена од лица од Скопје.

Членовите на оваа организирана криминална група подолг временски период биле инволвирани во вршење на кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 и „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”, предвидено и казниво по член 396 од Кривичниот законик.

Во текот на истрагата во неколку различни случаи документирани се продажби на наркотична дрога и оружје.
На 28.07.2021, постапувајќи по Наредби за претреси во дом и други простории издадени од Судија за претходна постапка, извршени се претреси на вкупно 20 локации, при што од слобода се лишени и во полициски станици се приведени лицата Б.А.(22), Б.А.(19), М.А.(47), Б.А.(23), С.Ј.(22), Е.Б.(27), З.М.(33), Љ.А.(30), Ш.А.(35), Р.А.(33) (полициски службеник), А.А.(26) и Е.С.(24), сите од Скопје, а се трага по уште три лица кои биле дел од групата. При лишувањето од слобода и при извршените претреси, на повеќе локации се пронајдени и одземени наркотична дрога, муниција, два пиштола, патнички моторни возила, од кои едно блиндирано, поголема сума на девизни и денарски парични средства, мобилни телефони, компјутерска опрема…

Лицата со соодветна кривична пријава ќе бидат предадени на надлежното јавно обвинителство.

Погледнете го видеото ТУКА.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести