spot_img
30.8 C
Skopje
вторник, јули 27, 2021
spot_img

Кирацовски: Со Боки се сликав дека е убав ! Лаже Стејт Департментот дека има криминал и корупција во власта !

„Ми требаа нови слики на на „стори“, а Боки си купи фини кондурчиња и очила. Зарем не е грев брошчињата и ланчињата на мојот пријател да не бидат овековечени и кај мене на Фејсбук?“ реторички запраша поранешниот пратеник и потпретседател на СДСМ Александар Кирацовски, критикувајќи го најновиот извештај на Стејт Департментот каде се посочува на криминал и корупција во високите кругови на власта кои минувале неказнето.
Според него САД лажат и извештајот може да послужи само како тоалетна хартија или да ги краси корпите за отпадоци.

„Судот е сега целосно независен и може колкави сака казни да изрекува за претходната власт. Може дури и пак да ме повикаат истражните органи во врска со „Рекет“, но мислам дека образложението што веќе го дадов е сосема доволно. Со Боки се гледавме и ја вежбавме „Криво је море“. Може ќе беше преамбициозна желбата да бидеме како Сони и Шер, но можевме да бидеме макар како Селимова и Желчевски. Да ви кажам искрено и Зеле од Дивље Јагоде се јави да честита“ вели Кирацовски по однос на наводите во анализата посветена на наводите за неказнивост на корупцијата во моментов.

Откако Кирацовски се заколна и во мајка дека не зел ништо за него и не му помагал на Боки 13 во криминалот, обвинителството одлучи да не покрене постапка против него, а како казна за слабиот музички настап со неговиот верен придружник беше разрешен од партиската функција.
Затоа Кирацовски заклучува дека соединетите американски држави лажно го обвинувале него и власта за некако криминал и неказнивост на истиот и ја цитира неговата најпрочуена изјава д собраниската говорница „„РЕКЕТ“, ПА „РЕКЕТ“, ПРЕСТАНЕТЕ ДА ЈА СПОМНУВАТЕ ТАА АФЕРА ВЕЌЕ !“.

**Целта на „Х-Фајлс“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции не е случајна.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести