spot_img
26.8 C
Skopje
сабота, јули 24, 2021
spot_img

168 сообраќајни прекршоци во Скопје, 66 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, 14 за возење без возачка дозвола, три прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се осум санкции за користење мобилен телефон, 13 за возење под дејство на алкохол…
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести