spot_img
27.8 C
Skopje
сабота, јули 24, 2021
spot_img

Премиерот Заев и градоначалникот на Охрид Георгиески: Охриѓани добиваат безбедна улица, а младите од Охрид и регионот современо училиште за средно стручно образование

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска, во придружба градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и на пратениците направи увид во работите на реконструкцијата на спортската сала и спортските терени на Општинскиот електромашински училиштен центар „Св. Наум Охридски“, и ја пуштија во улицата „15-ти Корпус“ – една од најзначајните сообраќајни артерии на Охрид.

„Станува збор за исклучително важна улица бидејќи таа e влезот во градот за сите оние што во Охрид пристигнуваат од Ресен, Битола, Прилеп и од другите градови од истокот и југоистокот на нашата земја. Улицата е од исклучително значење за жителите од овој дел на градот, како и за сите индустриски капацитети и фирми кои гравитираат во индустриската зона која се протега долж улицата“, нагласи премиерот Заев на настанот.

Проектот за реконструкција опфати замена на атмосферската канализација и поставување на нов асфалт на коловозот и комплетното уредување на пешачките и велосипедските патеки од двете страни на улицата.

За реализација на овој значаен проект Општина Охрид издвои 30 милиони денари од општинскиот буџет, а останатите средства во износ од 28 милиони денари се обезбедени од ЈП „Државни патишта“.

„Охриѓани, но и нашите редовни гости кои пристигнуваат во Охрид од овој приод кон градот, многу добро се сеќаваат во каква руинирана состојба беше оваа улица. Ценејќи ги вистинските и приоритетните потребни на граѓаните, но и на фирмите кои гравитираат во овој дел на градот одлучивме да го реализираме овој голем проект“, рече градоначалникот Константин Георгиески.

Тој најави дека паралелно со реконструкцијата на оваа значајна сообраќајница во завршна фаза е уште еден голем и сложен инфраструктурен проект, а тоа е реконструкција на улицата „Абас Емин“.

На увидот на работите на реконструкцијата на спортската сала и спортските терени на Општинскиот електромашински училиштен центар „Св. Наум Охридски“ беше истакнато дека ова средно училиште доживеа речиси целосна реконструкција и обнова.

Во 2019 година со поддршка на Министерството за образование беа обновени прозорците и дел од кровната конструкција, а во 2020 година беше завршена обновата на покривот и комплетно реконструирана фасадата со што училиштето доби сосема нов лик.

Сега се во тек работите на реконструкцијата на спортската сала и на спортските терени и со тоа ова училиште го добива целосниот модерен и функционален училиштен центар со сите погодности за изведување квалитетна настава.

„Ова училиште, како партнер на програмата за дуално образование има посебно место во нашиот образовен систем со оглед на фактот што за оваа новина во нашето образование посветуваме посебно внимание за да биде целосно и успешно имплементирана“, истакна премиерот Заев.

Дополнително, Oпштина Охрид ги реновираше сите училници, кабинети и канцелариски простории, а со цел да се овозможи поголема функционалност на онлајн часовите за учениците од ова средно училиште беа набавени 20 нови десктоп компјутери.


Заев: Охриѓани добиваат безбедна улица, а младите од Охрид и регионот современо училиште за средно стручно образование

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска во придружба градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и на пратениците направи увид во работите на реконструкцијата на спортската сала и спортските терени на Општинскиот електромашински училиштен центар „Св. Наум Охридски“ и ја пуштија во улицата „15-ти Корпус“ – една од најзначајните сообраќајни артерии на Охрид.

Во продолжение на ова соопштение ви ги пренесуваме изјавите на премиерот Заев од двата настани во целост:

„Мојата работна посета на Охрид, на Охридскиот и Преспанскиот Регион, и на Битола во текот на денешниот ден ја започнувам со посетата на Општинскиот електромашински училиштен центар „Св. Наум Охридски“, но и со пуштање во употреба на „15-тиКорпус“ – една од најзначајните  сообраќајни артерии на Охрид.

Заедно со градоначалникот го видовме напредокот и реализацијата на реконструкцијата на спортската сала и спортските терени на ова средно училиште.

Во последните две години Општинскиот електромашински училиштен центар „Св. Наум Охридски“ доживеа речиси целосна реконструкција и обнова.

Во 2019 година со поддршка на Министерството за образование беа обновени прозорците и дел од кровнатаконструкција, а во 2020 година беше завршена обновата на покривот и комплетно реконструирана фасадата со што училиштето доби сосема нов лик.

Дополнително, Општина Охрид ги реновираше сите училници, кабинети и канцелариски простории, а со цел да се овозможи поголема функционалност на онлајн часовите за учениците од ова средно училиште беа набавени 20 нови десктоп компјутери.

Сега се во тек работите на реконструкцијата на спортската сала и на спортските терени и со тоа ова училиште го добива целосниот модерен и функционален училиштен центар со сите погодности за изведување квалитетна настава. Ова училиште, како партнер на програмата за дуално образование има посебно место во нашиотобразовен систем со оглед на фактот што за оваа новина во нашето образование посветуваме посебно внимание за да биде целосно и успешно имплементирана.

Уште од почетокот на учебната 2018/2019 година Електромашинскиот училиштен центар „Св.НаумОхридски“ воспостави соработка со компаниите „Костал“, „ОДВ електрик“ и „ЛТХ Леарница“ со што започна со работа и пилот паралелката во дуално образование во електротехничката струка за профилот „Техничар за индустриска мехатроника“, за да од учебната 2019/2020 година се формира уште една паралелка во дуално образование во машинската струка за профилот „Техничар за производно машинство“.

Почитувани граѓани

Како дел од овој настан ја пуштаме во употреба реконструираната улица „15-ти Корпус“. Станува збор за исклучително важна улица бидејќи таа влезот во градот за сите оние што во Охрид пристигнуваат од Ресен, Битола, Прилеп и од другите градови од истокот и југоистокот на нашата земја.

Проектот за реконструкција опфати замена на атмосферската канализација и поставување на нов асфалт на коловозот и комплетното уредување на пешачките и велосипедските патеки од двете страни на улицата.

Општината Охрид и градоначалникот Георгиески покажаа слух за граѓаните од овој дел на градот и ја ставија реконструкцијата на улицата „15-ти Корпус“ во приоритетите на листата проекти за реализација.

За реализација на овој значаен проект Општина Охрид издвои 30 милиони денари од

општинскиот буџет, а останатите средства во износ од 28 милиони денари се обезбедени од ЈП „Државни патишта“.

Улицата е од исклучително значење за жителите од овој дел на градот, како и за сите индустриски капацитети и фирми кои гравитираат во индустриската зона која се протега долж улицата.

Охриѓани добиваат безбедна улица, а младите од Охрид и регионот современо училиште за средно стручно образование. Честитки за градоначалникот Георгиевски и неговиот тим, на успешното завршување на овие проекти, им посакувам успешна работа и во иднина.“

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести