spot_img
19.8 C
Skopje
петок, јули 23, 2021
spot_img

168 сообраќајни прекршоци во Скопје, 51 за брзо возење


Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 за возење без возачка дозвола, четири прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, четири за возење под дејство на алкохол, 59 санкции за непрописно паркирање.    
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести