spot_img
19.8 C
Skopje
четврток, јули 22, 2021
spot_img

Шокантни детали за најстариот син на Анџелина Џоли

Се појавија обвинувања дека најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит, 19-годишниот Медокс, всушност бил украден од неговото семејство во Камбоџа.

Јавноста наскоро ќе има можност да погледне документарец кој има за цел да укаже на потенцијалните неетички методи користени за време на посвојувањето деца од Камбоџа и вклучува истрага: дали можеби синот на Анџелина Џоли и Бред Пит, 19-годишниот Медокс бил украден од неговото биолошко семејство.

Анџелина (46) го посвои Медокс уште во 2002 година со помош на посредничката Лорин Галиндо, која заврши во затвор две години подоцна под обвинение за фалсификување документи и американски визи за сирачиња.

Режисерот на „Украдени деца“ е 21-годишна студентка по филм и маркетинг на Универзитетот во Масачусетс, Елизабет Џејкобс, чии родители исто така ја ангажираа Лорин за полесно да посвојат дете од Камбоџа. Според „Сан“, таа е повеќе од решена да ја открие вистината за овие случаи, кои броеле помеѓу 800 и 1.600 деца во периодот од 1997 до 2001 година.

Во тоа време, Лорин и нејзината сестра Лин Девин водеа агенција за посвојување наречена Сиетл Интернешнл Адопшнс и кратко време откако Анџелина го посвои синот, се соочија со кривична пријава.

Лин беше казнета со 150.000 УСД, додека Лорин заврши во затвор. Кога целиот скандал беше откриен, американската влада, заедно со неколку други земји, ја отстрани Камбоџа од списокот за посвојување деца, а Анџелина рече дека не знае ништо за трговија со деца, но нема докази дека Медокс навистина бил сираче.

Актерката тогаш инсистираше на тоа дека ги добила сите можни уверувања дека биолошката мајка на Медокс не е жива и дека никогаш не би можела да украде туѓо дете.

Патем, Лорин негира дека нејзината агенција работела нелегално и самата себе се нарекува ,,херој на даца”. Таа во едно од интервјуата додаде дека нема причина да се верува дека посвојувањето на Медокс било против какви било правила и потврди дека тесно соработувала со Анџелина.

Анџелина и нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит имаат заедничко старателство над шест деца, 12-годишните близнаци Вивиен и Нокс, 15-годишната Шајло, 19-годишниот Медокс, 16-годишната Захар и 17-годишниот стариот Пакс. Така Медокс беше донесен од сиропиталиште во Камбоџа, додека Захара беше посвоена од Етиопија и Пакс од Виетнам.

Пред четири години, камбоџански социјален работник, хуманитарец по име Мунх Сарат, тврдеше дека документацијата на Медокс е лажна и рече дека тој ги потпишал документите за посвојување на момчето како татко, само за да го забрза целиот процес.

И покрај ова, нема сугестија дека Анџелина и нејзиниот поранешен сопруг Били Боб Торнтон со кого беше во брак во тоа време знаеле нешто за тоа или дека подоцна таа и Бред Пит, кој исто така официјално го посвои момчето, се здобија со ново сознанија.

Патем, Анџелина го режираше филмот „First They Killed My Father“ (прев. Најпрво го убија татрко ми ) за геноцидот што се случи на 1,7 милиони Камбоџанци помеѓу 1975 и 1979 година за време на комунистичкиот режим на диктаторот Пол Пот. Повеќето луѓе умреле од глад, болест или при масовни егзекуции, а Анџелина признала дека снимањето на тој филм и овозможило подобро да ја разбере земјата во која се родил нејзиниот син.

“Оваа земја ми значи многу, помина низ многу. Оваа војна влијаеше на секој поединец тука и сакав да можам и јас самата да ја разберам. Не знам многу за биолошките родители на Медокс, но верувам дека тие би ја преживеале оваа војна “, рече Анџелина.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести