spot_img
19.8 C
Skopje
четврток, јули 22, 2021
spot_img

ХОРОР: ВУЈКО МИ МЕ СИЛУВАШЕ НА ПЕТ ГОДИНИ

Детали кои долго време ги замолкнуваше ледената крв во нејзините вени

Познатата актерка Тери Хачер (41), која стана препознатлива на нашите простори по улогата од хит серијата „Очајни домаќинки“, зборуваше за злоупотребата што ја доживеала како дете.

Во интервју за списанието „Венити фер“, на Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, актерката зборуваше за ужасното искуство. Тери призна дека долго време се борела со траумата на сексуална злоупотреба што ја доживеала од нејзиниот вујко на возраст од пет до девет години.

„Бев убедена дека тоа е моја вина и се обвинував себеси за она што ми се случи, така што не му кажав на никого за тоа и сè чував за себе“- започна Тери.

Хачер, за она што ѝ се случувало криела од нејзините родители, поради стравот што го чувствувала. Сепак, мајката го забележала нејзиното чудно однесување во присуство на нејзиниот вујко, а мајчиниот инстинкт ја принудил да ја држи ќерката што е можно подалеку од него. Тогаш девојчето Тери ѝ рекла на својата мајка да не му се лути на нејзиниот вујко.

– Сите молчевме, така ни беше полесно. Размислував дали сум луда или можеби измислувам? На жртвите им е полесно да веруваат дека тоа е плод на нивната имагинација, отколку да се соочат со вистината – вели актерката, објаснувајќи дека злоупотребата се случила неколку пати и дека траела сѐ до нејзината осма или деветта година.

Кога добила информација дека нејзиниот вујко, Ричард Хејс Стоун е обвинет за злоупотреба на уште две девојчиња, од кои едното извршило самоубиство како тинејџер, Хачер решил да зборува за злосторството.

Имено, скандалот околу силувањето избувна кога девојчето Сара Ван Климпут се самоуби, а пред самоубиството остави порака на која гласеше: Сигурно се прашувате зошто една нормална тинејџерка го сторила ова. Па, прашајте го Дик зошто.

„Целосно ме обзеде болката на таа девојка“- рече Тери Хачер.

– Помислив, човеку, тоа можеше да ми се случи мене. Ја чувствував таа болка секој ден. Не се обидов да се убијам, но сигурно размислував за тоа – додаде таа.

Прекарот „Дик“ ја одведе полицијата до Стоун, кој беше близок пријател на семејството на жртвата. Тогаш актерката конечно зборуваше за своето минато.

Ричард Хајс Стоун почина во затвор додека ја издржуваше казната. Тој беше осуден на 14 години затвор за смртта на девојчето, а почина откако издржа само шест години.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести