spot_img
19.8 C
Skopje
четврток, јули 22, 2021
spot_img

Локдаун во Јужна Австралија за да се спречи делта сојот

Австралиска држава Јужна Австралија денеска воведе локдаун во обидот да го спречи ширењето на делта сојот на коронавирусот и и на тој начин со повеќенеделните ограничувачки мерки им се придружи на државите Викторија и Нов Јужен Велс

Најнаселената австралиска држава Нов Јужен Велс се бори со најтешкиот бран на Ковид-19 годинава, бидејќи бројот на заразени надмина 1.400, откако првиот случај беше регистриран пред повеќе од еден месец. Британските меидуми прецизираа дека станувало збор за возач на лимузина кој превезувал екипаж на авион.Во ова држава се наоѓа и најголемиот град во Австралија,Сиднеј, каде е воведен петдневен локдаун.

Властите во Нов Јужен Велс денеска соопштија дека е забележан мал пад на инфекциите – регистрирани се нови 78 случаи, наспроти 98 ден порано во Сиднеј и околните области.

-Гледаме повеќе хоспитализации, повеќе приеми на интензивна нега, повеќе луѓе на апарати за дишење, треба да го спречиме ширењето на Ковид-19, изјави шефот на здравствената состојба во оваа австралиска држава, Кери Шант

Во болниците во моментов има 95 пациенти, а од нив 27 се на интензивна нега, а 11 на респиратор. Во овој последен бран од заразата се регистрирани и пет смртни случаи.Од почетокот на пандемијата, Австралија, со помош на строгите мерки, забележа нешто повеќе од 32.000 случаи, а 915 пациенти завршија со смртен исход.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести