spot_img
27.8 C
Skopje
среда, јули 21, 2021
spot_img

Билд: На Баерн му се повторува случајот Алаба

Баерн Минхен може да остане без Леон Горецка. Овој фудбалер има договор до следното лето, а баварскиот гигант му нуди 10 милиони евра по сезона.

Менаџерот на фудбалерот од везниот ред бара 20 милиони евра, се чини дека раководството на Баерн нема да прифати. „Билд“ октрива дека Манчестер Јунајтед би можел да му ја даде посакуваната сума, а на баварскиот клуб да му се случи „Алаба“.

За постетување, Давид Алаба замина во Реал Мадрид, откако одби да ја продолжи соработката со Баерн, кој се откажа од преговорите откако фудбалерот побара посебни услови. На крајот Реал го донесе без да плати евро, како слободен играч.

Горецка во бундес-лигашот дојде во 2018 година од Шалке, освои се што можеше да се освои.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести