spot_img
25.8 C
Skopje
вторник, јули 20, 2021
spot_img

Во Италија вградено првото вештачко срце

Француската компанија Кармат го продаде на пациент во Италија првиот примерок од вештачко срце што го разви во своите лаборатории.

Француската компанија која е основана во 2008 година, неодамна вгради еден од долгогодишно испитуваните примероци на вештачко срце, кај еден пациент во Северна Каролина, САД.

Вештачкото срце, вградено во Италија, се смета за привремена опција за пациентот кој чека срце од донор и страда од терминална бивентрикуларна срцева слабост, пренесува францускиот ТВ канал LCI.

Првата комерцијална вештачка трансплантација на срце ја изврши италијанскиот кардио хирург д-р Чиро Мајело со неговиот тим во клиничкиот центар во Неапол, пренесува Танјуг.

Трошоците за операцијата од 150.000 евра беа покриени од регионалниот здравствен систем, кој очекува надомест од националниот институт за јавно здравје.

Оваа постапка се смета за голем успех на француската компанија, која од декември минатата година има официјален сертификат за европски стандард, што ја отвори вратата за комерцијализација на вештачки срца во Европа.

Вештачкото срце на Кармат е наменето за сите пациенти кои страдаат од хронична срцева слабост или акутна инсуфициенција, состојби што се јавуваат по срцев удар. Изумот треба да им помогне на сите срцеви пациенти кои страдаат од коронарна срцева болест и артериска хипертензија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести