spot_img
21.8 C
Skopje
понеделник, јули 19, 2021
spot_img

КОМИСИЈАТА ОДЛУЧИ: НЕМА НОВИ МЕРКИ

Утринава Комисијата за заштита на населението од заразни болести по разгледувањето на моменталната епидемиолошка состојба одлучи дека нема да има воведување на дополнителни рестриктивни мерки како заштита од коронавирусот во Македонија.

По изложувањето на епидемиолошката состојба од страна на претседателот на Комисијата, доктор Жарко Караџовски, не се дискутирало за нови мерки и било заклучено дека главниот државен фокус треба да биде ставен на имунизацијата на населението.

Значи, и понатаму се дозволени свадби на отворено и затворено, а заштитна маска се носи само во затворени простории. Нема да се бара задолжителен ПЦР тест за сите што влегуваат во земјава од земји со висок ризик каде делта варијантата е рапидно распространета.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести