spot_img
22.8 C
Skopje
сабота, јули 17, 2021
spot_img

Oвие 4 диети се многу штетни и треба да ги избегнувате.

Кето диета

Кето диетата подразбира малку јаглехидрати (само 5 отсто), повеќето калории, помеѓу 65 и 80 отсто, потекнуваат од мастите, а 15-25 отсто им припаѓаат на протеините. За да ја практикувате оваа диета, треба да јадете голема количина на масти, сланина, јајца и путер.

Кето диетата потекнува од зборот „кетогено“, која се заснова на докажаната телесна функција на согорување масти кога јаглехидратите не се достапни како извор на енергија (кетоза). Користењето на кето диета за слабеење е комплицирано бидејќи килограмите се враќаат многу брзо. Кетогената диета е погодна за лица кои имаат здравствени проблеми и на кои отсуството на јаглехидрати им помага, но за сите други ваквиот начин на исхрана може да предизвика опстипација, создавање камен или песок во бубрезите, кризирање поради недостаток на јаглехидрати (симптоми слични на грип) и проблеми со кардиоваскуларниот систем.

Цели 30 дена

Оваа диета подразбира консумирање на целосни намирници со минимум техничка обработка и тоа се прави цели 30 дена. Во текот на оваа диета не се консумира шеќер, алкохол, кафе, мешунки, пецива, млечни производи, преработена храна итн. Нутриционистите сметаат дека оваа диета е ригорозна и дека единственото добро во неа е исфрлањето на шеќерот и алкохолот. На човечкото тело му се потребни житарици и мешунки и по 30 дена, телото ќе доживее шок и ќе ги врати изгубените килограми многу брзо.

Чистење со сок

Оваа диета подразбира користење на смутија во текот на целиот ден. Од исхраната се исфрла цврстата храна, а се прават сокови од зеленчук и вода. Некои луѓе ја практикуваат оваа диета неколку дена, но нутриционистите наведуваат дека таа е исклучително опасна и не е добра за организмот. Да го лишите телото од цврста храна е нешто што може да придонесе за слабеење, но му штети на здравјето.

Палео диета

Палео диетата е консумирање намирници кои биле достапни во палеолитската ера: овошје и зеленчук, немасно месо и риба, јаткасти плодови… Меѓутоа, постојаното држење на палео диета не е одржливо, а штом ќе се вратите на вообичаената исхрана, ќе се вратат и вашите килограми.

Кои диети се погодни за слабеење?

Експертите велат – медитеранската диета! Овој начин на исхрана неколку години по ред е прогласувана за најдобра диета на сите времиња, а позната е по тоа што содржи многу здрави масти како маслиново масло и риба.

Во оваа диета ништо не е забрането, иако некои намирници како јајца, пилешко месо, млечни производи, црвено месо и преработена храна се јадат во умерена количина за да се задржи ниската количина на заситени масти.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести