spot_img
22.8 C
Skopje
сабота, јули 17, 2021
spot_img

ХАОС: Пустош во град во Канада по разорно торнадо (ВИДЕО)

Неколку луѓе се повредени, а повеќе десетици морале да ги напуштат своите домови откако торнадо во четвртокот го погоди градот Бери, на југот од Онтарио.

Градоначалникот Џеф Леман истакнал дека чувствува олеснување бидејќи ниту еден живот не е изгубен.

Леман вели дека торнадото погодило населба со 150.000 жители предизвикувајќи голема штета.

-Можам да ви кажам колку е неверојатно што никој не настрада, се надевам дека по дополнителните пребарувања и лекувања во болниците се надевам дека така ќе остане, без жртви, изјавил Леман.

Медицинските тимови објавија дека осум лица се пренесени во болница, од кои четворица со посериозни повреди. Пожарникарите истакнале дека околу 25 објекти нетрпеле значителна штета, 20 објекти се неупотребливи, а три целосно уништени.

Торнадото го оштетило и гасоводот и предизвикало прекин во електричната енергија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести