spot_img
21.8 C
Skopje
сабота, јули 17, 2021
spot_img

Синот на Шабан Шаулиќ ќе биде српски конзул во Цирих

Најава дека Михајло Шаулиќ, син на покојната легенда на народна музика Шабан Шаулиќ, наводно ќе биде иден генерален конзул од Србија во Цирих, кренала голема прашина и предизвикала броји коментари, на социјалните мрежи.

Процедурата за поставување на Шаулиќ на местото конзул, како што објавила Нова С, е при крај. Во Цирих неодамна испратени се депешеа да се бара резиденција за новиот конзу. Овој предлог би требало да помине на некоја од наредните седници на Владата на Србија.

Многумина се изненадени со изборот на Шаулиќ, пред се поради тоа што тој нема дипломатско искуство.
Михајло завршил економија на Бекингемскиот универзитет во Лондон, и самиот кажувал дека се занимавал со маркетинг во Италија.

Во 2008. година станал советник за односи со медиумите во Министерството за инфраструктура, на чие чело бил Милутин Мркоњиќ. Кога во 2013. година Мркоњиќ бил разрешен од фунцијата, и Шаулиќ останал без работа.

Од први март 2017. година Михајло бил вработен како трет советник на директорката на фондот ПИО Драгана Калиновиќ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести